„Секогаш ќе одговараме на какво било влошување на безбедносното опкружување“

НАТО во готовност: Испраќаат дополнителни сили, бродови и авиони во Источна Европа

НАТО соопшти денес дека става во готовност дополнителни сили и дека испраќа уште бродови и борбени авиони во Источна Европа поради „руското трупање воени сили“ на своја територија на границата со Украина.

EPA-EFE

Воениот пакт наведе дека го засилува своето „присуство на одвраќање“ во регионот на Балтичкото Море.

Повеќе земји членки на воената алијанса, која има 30 членки, понудиле трупи и опрема.

„НАТО ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки за да ги заштити и одбрани своите сојузници вклучувајќи јакнење на источниот дел на Алијансата. Ние секогаш ќе одговориме на какво било влошување на нашето безбедносно опкружување, вклучувајќи јакнење на нашата колективна одбрана“, наведе генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во соопштение.

Данска испраќа фрегата во Балтичкото Море и борбени авиони Ф-16 во Литванија.

Шпанија испраќа бродови за да се придружат на поморските сили на НАТО и размислува за испраќање воени авиони во Бугарија. Франција е спремна да испрати трупи во Бугарија, наведе воениот пакт.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок се обидуваат да покажат дополнителна решителност за поддршка на Украина, додека Ирска предупреди дека новите руски воени вежби кај нејзиниот брег не се добредојдени имајќи ги предвид тензиите околу западните тврдења за можните намери на Русија да ја нападне Украина.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковенеј кажа дека во Брисел ќе ги информира своите колеги дека Русија планира да одржи воени вежби на 240 километри од југозападниот брег на Ирска, во меѓународни води, но блиску до ексклузивната економска зона на земјата.

„Ние немаме моќ тоа да го спречиме но јасно му дадовме до знаење на рускиот амбасадор во Ирска дека тоа не е добредојдено. Ова не е време за зголемување на воените активности и тензии во контекст на она што се случува со и во Украина“, кажа ирскиот министер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе