„Стедфаст нун“

НАТО во Германија вежба за случај на атомска војна

Јавна тајна е дека во Германија се сместени американски атомски бомби. Сега се дознава дека во тек е воена вежба за сценарио на нуклеарна војна. Експертите велат дека започнала нова трка за вооружување со потенцијално страшен исход, пренесе Дојче веле.

Германските воздушни сили со партнерите од НАТО вежбаат за сценарио на нуклеарна војна. Според информациите на агенцијата ДПА, оваа недела започнаа вежбите наречени „Стедфаст нун“. Меѓу другото, се користат борбени авиони, кои во случај на конфликт би можеле да бидат опремени со нуклеарно оружје.

Авионите се стационирани во базата Бихел. Практично е јавна тајна дека во оваа база се наоѓа американското атомско оружје Б61. Иако за тоа веќе со години има многу индикации, Вашингтон и Берлин никогаш официјално не признале дека на германската територија има нуклеарни боеви глави.

Факт е, сепак, дека и авионите на Бундесвер во итни случаи можат да се опремат со Б61. Дополнително американско нуклеарно оружје, наводно, е стационирано во Италија, Белгија, Турција и Холандија.

Според воените експерти, за време на вежбата „Стедфаст нун“ се одигрува безбеден транспорт на американското нуклеарно оружје од подземни простории до авиони, како и понатамошна монтажа. Вежбите на летање се изведуваат без бомби.

Најпрво немаше информации за сценарио на воени вежби. Експерт за нуклеарни прашања Ханс Кристенсен вели дека маневарот се одржува непосредно откако американските бомбардери Б52 се распоредени во Англија. „Русија тоа во најмала рака го смета за случајност“, вели Кристенсен, прв човек на организацијата „Проектот за нуклеарни информации“.

Американските безбедносни сили по повод пристигнувањето на авионите во британски Глостерштир наведоа: „Противници внимавајте: Бомбардерите се вратија и се подготвени за полетување“.

Опасноста од војна, во која би се користело и нуклеарно оружје, во моментов се смета за многу поголема отколку во претходните децении.

Ова првенствено се должи на раскинувањето на Договорот за проектили со среден дострел (ИНФ). САД летово го напуштија Договорот, со поддршка од партнерите на НАТО, тврдејќи дека Русија со години го крши Договорот.

Воените експерти сметаат дека би можело да дојде до нова трка во вооружувањето. САД веќе работат на нов мобилен ракетен систем од среден дострел. Според сегашните планови, овој систем би требало да транспортира само конвенционални боеви глави.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе