НАТО во Германија формира вселенски центар за заштита на сателитите

Министерите за одбрана на земјите членки на НАТО договорија на виртуелниот состанк да формираат вселенски центар во базата Рамштајн во Германија, каде е сместена воздухопловната команда на силите на воениот пакт.

EPA-EFE

„НАТО ќе формира вселенски центар во Германија кој ќе биде задолжен за заштита на сателитите на земјите сојузнички од непријателски напади“, изјави генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг по завршувањето на првиот ден на министерскиот состанок.

Идејата за формирање таков центар беше иницирана на самитот на земјите членки во декември 2019 во Лондон.

„Сателитите на земјите членки на Алијансата се многу ранливи и претставуваат потенцијални цели на напади. Кина и Русија развија капацитети кои можат да ги онеспособат и уништат сателитите, што би имало тешки последици за комуникацијата меѓу земјите членки“, истакна Столтенберг.

Центарот во Рамштајн ќе има задача да ги сподеелува информации за закани за сателитите и да ја координира активноста на тие сателити.

НАТО на крајот на минатата година ја прогласи вселената за своја петта оперативна зона, по копното, воздухот, морето и сајбер-просторот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе