НАТО во февруари одлучува дали ќе остане во Авганистан

НАТО ќе одлучи за продолжување на мисијата на обука во Авганистан на следната средба на министрите за одбрана во февруари, изјави денес шефот на воениот пакт Јенс Столтенберг.

EPA-EFE

„Ќе бидеме соочени со тежок избор“, кажа поранешниот норвешки премиер, а пренесува Ројтерс.

„Или да останеме и да ја платиме цената на воениот ангажман, или да заминеме и да ризикуваме да изгубиме сè што постигнавме и мировниот процес да пропадне“, додаде тој.

Соединетите Американски Држави минатата недела најавија ново повлекување на своите трупи од Авганистан, од 4.500 на 2.500 луѓе, пренесоа американските медиуми.

И покрај таа најава „мисијата на НАТО ќе продолжи“, кажа Столтенберг и додаде продолжување на поддршката на „авганистанските сили за безбедност“.

Шефот на НАТО повеќе пати предупредуваше против прераното повлекување на војската од таа земја, тврдејќи дека со тоа таа повторно ќе стане база за терористички напади на западните земји.

САД во Авганистан се од инвазијата во 2001 година, по терористичките напади од 11 септември. НАТО ја презема мисијата во 2003, а на авганистанските сили им ја предаде во 2014 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе