НАТО вежба, Русите ја кренаа на нозе целата Црноморска флота (ФОТО+ВИДЕО)

Разузнавачки и јуришни бродови на руската Црноморска флота, како и нејзините крајбрежни ракетни системи се ставени во состојба на воена готовност поради вежба на НАТО во Црно Море.

Како што пренесува руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори во Контролниот центар на националната одбрана на руското министерство за одбрана, поради можноста за брзо реагирање на можни итни ситуации Црноморската флота изведува низа мерки за набљудување на бродовите на НАТО.

„Извидувачките бродови, како и групите за поморски напади, крајбрежните ракетните системи „бастион“ и „бал“ и поморската авијација се ставени во состојба на воена готовност во одредени области“, кажал изворот на руската агенција.

Денес во југозападниот дел на Црното Море НАТО ја почна вежбата „Морски штит 2019“, во која учествуваат бродови и летала на САД, Бугарија, Грција, Канада, Холандија, Романија и Турција, заедно со претставници на грузиските и украинските оружени сили.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе