Украина ќе добие пристап до модерната опрема на сојузот

НАТО усвои нов стратегиски концепт насочен против Русија

Одобрувањето на документот е една од главните цели на тековниот самит на лидерите на НАТО во Мадрид.

Фото: ЕПА

Лидерите на земјите-членки на НАТО денеска го одобрија новиот стратегиски концепт на организацијата, објави на Твитер генералниот секретар Јенс Столтенберг. Клучниот документ го прикажува одговорот на блокот на „зголемената закана што доаѓа од Русија“.

Политичкиот план беше договорен меѓу шефовите на членките на Алијансата, кои се состанаа во шпанскиот главен град Мадрид на дводневен самит.

НАТО ја критикуваше Русија за нападот на Украина, тврдејќи дека потегот „го наруши мирот и сериозно ја промени нашата безбедносна средина“. Една „силна, независна Украина“ е од витално значење за стабилноста на членките на НАТО, рекоа лидерите и ја обвинија Москва дека покажува „шема... на агресивни дејствија“ против пошироката трансатлантска заедница.

„Сакаме да живееме во свет каде што се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, човековите права и меѓународното право и каде што секоја земја може да го избере својот пат, ослободена од агресија, принуда или субверзија“, вели НАТО.

Алијансата ја нарече Русија најзначајната и најдиректна закана и додаде дека „авторитарните актери“ генерално ги отежнуваат нејзините интереси. Кина ја користи „својата економска моќ за да создаде стратегиски зависности и да го зголеми своето влијание“, заклучија лидерите.

„Продлабоченото стратегиско партнерство меѓу Народна Република Кина и Руската Федерација и нивните меѓусебно засилувачки обиди да го поткопаат меѓународниот поредок заснован на правила се во спротивност со нашите вредности и интереси“, се вели во документот.

НАТО ќе ги зајакне своите обврски кон Украина

НАТО ќе ги зајакне своите обврски кон Украина, рече генералниот секретар Јенс Столтенберг, а земјата може да се потпре на „континуираната поддршка“ на НАТО.

„Украина може да смета на нас онолку долго колку што е потребно“, рече тој.

Тој додаде дека оваа „непоколеблива“ посветеност значи поголема воена и финансиска помош. Ова вклучува давање пристап на Украина до „модерната опрема на НАТО“, рече тој.

Столенберг додаде дека ова ќе ги зајакне одбраната и безбедноста на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе