НАТО тврди дека ловците му се приближиле на авионот на рускиот министер за одбрана за да го идентификуваат

Ловците на НАТО му се приближиле на авионот на рускиот министер за одбрана над Балтичкото Море за да го идентификуваат леталото, изјави извор од НАТО за руската агенција ТАСС.

„Ловците од составот на балтичката мисија за воздушно патролирање на НАТО беа испратени да го идентификуваат авионот кој летал во близина на воздушниот простор на НАТО сојузниците“, кажал изворот.

Според него, кога била завршена идентификацијата на авионот, ловците на НАТО се вратиле во базата.

Претходно вчера ТАСС јави дека НАТО ловец Ф-18 се обидел да му се приближи на авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу над неутралните води на Балтичкото Море, но дека во тоа го спречил руски сухој Су-27.

Авионот во кој се наоѓал Шојгу летал во придружба на два Су-27 од Калининград во Москва.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе