НАТО: Турција ги блокираше преговорите со Финска и Шведска

Турција го блокираше почетокот на преговорите за прием на Финска и Шведска во НАТО, неколку часа откако двете земји официјално ги поднесоа своите барања да се приклучат во Алијансата, рекол за Дојче веле анонимен дипломатски извор.

Фото: ЕПА

Турција денеска ги спречи членките на НАТО да ги почнат преговорите за барањата на Финска и Шведска да се приклучат во Алијансата, пишува ДВ. Турската страна јасно стави до знаење дека во моментов не може да го одобри нивниот почеток.

Амбасадорите на Шведска и Финска утрово до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги доставија своите барања за пристапување во Алијансата.

На 16 мај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО и дека, според него, Турција не може да верува во уверувањата на тие земји дека нема да поддржуваат „терористи“.

Зошто Турција е против членството на Финска и Шведска во НАТО?

Анкара се побуни против примањето на двете нордиски држави неколку дена пред нивните кандидатури.

Таа тврди дека обете земји засолнуваат курдски групи како што се Курдистанската работничка партија (ПКК) и Сириските единици за народна одбрана (ЈПГ), кои Турција ги означи како „терористи“. ЕУ и САД, исто така, ја класифицираат ПКК како терористичка организација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повтори своите приговори во средата во Анкара, велејќи дека „не можеме да кажеме да“ за влез на Финска и Шведска во НАТО сѐ додека не ги вратат „терористите“ во Турција.

За една земја да ѝ се приклучи на алијансата, сите 30 членки мора да дадат согласност.

Сепак, другите членки на алијансата им дадоа целосна поддршка на нордиските земји и остануваат оптимисти дека можат да ги надминат приговорите на Турција, вели ДВ. Тие се надеваат дека ќе го завршат процесот за шест месеци наместо за вообичаените 12.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО би бил среќен да ги види Финска и Шведска во своите редови и дека тоа ќе им овозможи брзо да ѝ се приклучат на алијансата.

Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Москва ќе мора да преземе одмазднички мерки, и воено-технички и од друга природа, за да ја нивелира заканата за нејзината национална безбедност во случај Финска да ѝ се приклучи на Северноатлантската алијанса.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе