Вашингтон пост

НАТО случајно ги објави точните локации на 150 нуклеарни боеви глави во Европа

Во извештај на комисија на НАТО, кој сега е избришан, случајно се откриени информации за точните локации на американското нуклеарно оружје во Европа, објави Вашингтон пост.

Американскиот весник вели дека во документ од еден канадски сенатор до Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентарното собрание на НАТО детално била опишана иднината на политиката на нуклеарна воздржаност на Алијансата, но случајно била откриена тајната информација.

Иако извештајот бил објавен во април со наслов „Нова ера на нуклеарна воздржаност? Модернизација, контрола на оружјето и сојузнички нуклеарни сили“ и не предизвикал бранувања, еден белгиски весник вчера објавил копија од документот, во која се наоѓаат локациите на околу 150 американски нуклеарни оружја.

Станува збор за шест локации - шест бази: Клајне Брогел во Белгија, Бухел во Германија, Авијано и Геди-Торе во Италија, Волкел во Холандија и Инџирлик во Турција.

Американскиот весник, исто така, вели дека минатата недела е објавена финалната верзија на извештајот, овојпат без локацијата на американските нуклеарни проектили.

Авторот на овој извештај, и покрај обвинувањата за објавување доверливи информации, рече дека сите информации содржани во овој документ се собрани од јавни извори.

Меѓутоа, неименуван извор на НАТО рече дека ова не е официјален документ од Алијансата.

„Ние не ги коментираме за деталите за нуклеарната поставеност на НАТО“, рече официјалното лице, кое остана анонимно поради политиката на организацијата за дискутирање на прашањата поврзани со нуклеарното оружје со медиумите.

Кингстон Рејф, директор за политика за разоружување и за намалување на заканата во Асоцијацијата за контрола на оружјето, за Пост рекол дека не изненадува потенцијалното откривање на локацијата на американското нуклеарно оружје во Европа.

„Ова одамна се прилично отворени факти“, рече тој.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе