НАТО се шири сѐ до вселената

НАТО го шири своето дејствување и во вселената, петтата оперативна зона по копното, морето, воздухот, а од неодамна и сајбер-просторот, открија извори од воениот пакт.

„Вселената е клучна за одбраната на Алијансата и за одвраќање, за рано предупредување и за навигација“, изјави во Брисел генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред потегот да го потврдат 29 членки.

Околу половина од 2.000 сателити во Земјината орбита им припаѓаат на членки на НАТО, додаде Столтенберг.

„НАТО не планира во вселената да поставува оружје“, истакна тој.

Но, нападите врз сателитите на земјите членки би можеле да се сметаат за провокација на која би требало да се одговори, смета американската амбасадорка во НАТО Кеј Бејли Хачинсон.

Членот 5 од основачкиот договор вели дека напад врз една членка се смета за напад врз целиот пакт. Тоа е едно од најважните начела на НАТО, мкое досега беше активирано само еднаш, по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001.

Членките го усогласија проширувањето на зоната на дејствување пред средбата на министрите за надворешни работи на НАТО утре во Брисел.

Шефовите на државите и владите ќе се сретнат на самитот на 3 и 4 декември во Лондон.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе