Поради руската офанзива врз Украина

Првпат во историјата НАТО ги активира Силите за брза реакција

Генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска објави дека алијансата првпат во историјата активирала елементи на Силите на НАТО за брза реакција (НРФ) од 40.000 војници, предупредувајќи на прес-конференција: „Целите на Кремљ не се ограничени само на Украина“.

Фото: ЕПА

Генералниот секретар рече дека обемот на НРФ е тројно зголемен од 2014 година, но дека нема да бидат распоредени сите сили. Тој, исто така, рече дека земјите на НАТО ќе ѝ обезбедат дополнително оружје и системи за противвоздушна одбрана на Украина по барање на нејзината влада.

„Ги распоредуваме (НРФ) за да... спречиме какви било погрешни пресметки, какви било недоразбирања дека не сме подготвени да ги заштитиме и браниме сите наши сојузници“, рече Столтенберг. „Ова е нешто што сите сојузници се согласија да го направат.

Тој додаде дека сојузниците од источното крило се „екстремно загрижени. Тие се блиску до борбите во Украина, а и граничат со Русија, и се сведоци не само на трупањето војска и тековната војна во Украина, туку и на мошне заканувачката реторика, затоа што ова оди многу подалеку од Украина“.

„Рускиот напад врз Украина е повеќе од напад врз Украина. Тоа е катастрофален ужасен напад врз невини луѓе во Украина, но исто така е напад и врз целиот европски безбедносен поредок. И тоа е причината зошто го сфаќаме толку екстремно сериозно“, кажа Столтенберг.

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО, генералот Тод Волтерс, ги активираше мултинационалните сили составени од копнени, воздушни, поморски и сили за специјални операции, кои може брзо да бидат распоредени за поддршка на НАТО.

Активирањето на трупите за брза реакција не значи дека некои американски или НАТО војници ќе влезат во Украина, која не е членка на алијансата.

Американскиот претседател Џо Бајден беше јасен дека американските трупи се распоредуваат во источна Европа за да им помогнат на земјите на НАТО што се вознемирени поради агресивните дејства на Русија, и дека нема да се борат во Украина.

Волтерс во својата изјава ова го нарече „историски момент“.

„Тие претставуваат флексибилна, борбена веродостојна сила, која може да се користи на многу начини, и ние целосно ја користиме нивната вродена агилност. Овие средства за одвраќање се мудри и ја зголемуваат нашата брзина, одговорност и способност да ги заштитиме милијардата граѓани за кои ветивме дека ќе ги заштитиме“, рече Волтерс, додавајќи дека силите сѐ уште не се распоредени, но се во состојба на готовност.

Рано утрово се огласија сирените за воздушен напад во градот Лавов во западна Украина, кој е оддалечен околу 50 километри од границата со Полска, членка на НАТО.

Соединетите Држави во четвртокот објавија дека 7.000 американски војници ќе бидат распоредени во Европа. Претседателот Бајден рече дека го одобрил „распоредувањето на копнените и воздушните сили веќе стационирани во Европа“ во Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија. Тој, исто така, рече дека одобрува испраќање „дополнителни сили на САД“ во Германија како дел од одговорот на НАТО, вклучително и некои сили ставени во состојба на готовност пред неколку недели.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе