„Се бара вистинска посветеност“

НАТО: Помош за земјите од Западниот Балкан да спроведуваат реформи, без оглед дали сакаат да се придружат

Министрите за надворешни работи на членките на НАТО на онлајн состанокот утре и задутре ќе ги разгледуваат клучните прашања за Алијансата, вклучувајќи го континуираното јакнење на руската војска, подемот на Кина, мисијата во Авганистан, а ќе се разговара и за Западниот Балкан и Косово.

EPA-EFE

На дневниот ред, според документот во кој имал увид Јуроактив, ќе биде и тоа како Северноатлантската алијанса да се направи уште посилна за соочување на предизвиците од следната деценија и потоа.

Во рамковниот дневен ред се наведува дека НАТО ја гледа иднината на Западниот Балкан во евроатлантската соработка и интеграција за оние кои тоа го сакаат и дека е решен да им помогне на земјите во регионот да спроведуваат реформи во корист на своите граѓани, без оглед дали тие сакаат да се придружат на воениот пакт или не.

Тоа, како што се наведува, не е лесен пат и бара вистинска посветеност и реален напредок во реформите и помирувањето но, се додава, тоа може да се направи, како што покажала Македонија.

Затоа од сите лидери во регионот се бара да покажат посветеност на реформите и помирувањето.

Во врска со Косово во рамковната агенда на состанокот се наведува дека „НАТО е целосно посветен на безбедноста на Косово“, дека редовно ја оценува својата мисија на Косово КФОР и дека сите сојузници се согласуваат дека треба да се задржи актуелната сила од 3.500 војници.

Се додава дека КФОР во согласност со мандатот на ОН ќе продолжи да го обезбедува опкружувањето и слободата на движењето за сите заедници на Косово.

НАТО, исто така, како што се наведува, силно го поддржува продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина со посредување на ЕУ, кој е, како што се истакнува, клучен за регионалниот мир и безбедноста.

Се наведува и дека КФОР им помага на локалните заедници во борбата против епидемијата на коронавирусот, вклучувајќи донации и испораки на медицинска и заштитна опрема, како и храна и облека, и пружање логистичка поддршка за донациите на НАТО членките и партнерите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе