НАТО побара Русија да ги повлече трупите од Крим, Москва порача дека „нема да им го пружи тоа задоволство“

Повикот на НАТО Москва да ги повлече војниците од Крим е несоодветен, изјави рускиот сенатор од Крим Сергеј Цеков.

„Жителите на Крим живеат во мир и спокојство, а НАТО би сакало да ја дестабилизира ситуацијата на Крим. На нив (НАТО) не им се допаѓа начинот на кој се развива Крим, но нема да им го пружиме тоа задоволство“, изјави Цеков.

Според него, Крим повторно се обединил со Русија легално и праведно, а барањата на лидерите на Алијансата не се соодветни.

Првиот заменик на претседателот на кримскиот парламент Јефим Фикс смета дека повикот на НАТО до Русија да ги повлече трупите од Крим личи на стара расипана плоча.

„Време е да престанат да звучат како стара расипана плоча и да ја сменат реториката во односот кон Русија. Крим е руски и на тоа е ставена точка. Ставовите на НАТО околу ова прашање не нѐ интересираат. Нека се грижат за своите работи, а Крим самиот ќе се снајде како да функционира“, истакна Фикс.

„Не кажа ништо ново. Редовните ритуални фрази кои го одразуваат цврстиот и неконструктивен став на НАТО војската“, изјави претставникот на рускиот претседател за меѓународно-правни прашања во претседателството на Република Крим Александар Молохов, додавајќи дека не треба да се обрнува внимание на претставниците на НАТО.

Претходно началникот на воениот комитет на Северноатлантската алијанса Стјуарт Пич изјави дека не признава дека Крим ѝ припаѓа на Русија и ја повика Москва да ги повлече трупите од полуостровот.

Крим стана дел од Русија во март 2014 по референдумот одржан по државниот удар во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 отсто од гласачите на Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол. Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето на Крим „конечно е затворено“.

Уктраина и понатаму го смета Крим за своја, привремено окупирана, територија.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе