„Ниеден сојузник не сака да остане подолго од потребното“

НАТО останува во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговарал со вршителот на должноста министер за одбрана на САД Кристофер Милер за определеноста воениот пакт да остане во Авганистан.

EPA-EFE

Тоа денес го изјави неговата портпаролка, среде шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да нареди брзо повлекување на американските трупи од Авганистан.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску кажа дека Столтенберг во петокот разговарал со Кристофер Милер за „агендата на воената алијанса од 30 држави предводена од САД, вклучувајќи ја ситуацијата во Авганистан“ и дека „позицијата на НАТО не е сменета“ во поглед на нејзината безбедносна улога во земјата разурната од конфликти, пренесува Асошиејтед прес.

„Ниеден сојузник од НАТО не сака да остане подолго од што е потребно. Истовремено, сакаме да го зачуваме постигнатото со жртви и да обезбедиме Авганистан никогаш повеќе да не стане безбедно засолниште за терористи кои можат да ги нападнат САД или некој друг сојузник во НАТО“, кажа Лунгеску.

НАТО ги презема на себе меѓународните безбедносни напори во Авганистан во 2003 година, две години откако коалицијата предводена од САД ги урна талибанците од власт поради пружањето засолниште на поранешниот лидер на Ал каеда Осама бин Ладен.

Алијансата во 2014 почна да ги обучува и советува авганистанските безбедносни сили, и постепено ги повлекуваше трупите во согласност со мировниот договор со посредство на САД.

„Го поддржуваме авганистанскиот мировен процес и како негов дел продолжуваме да го прилагодуваме своето присуство“, кажа Лунгеску. Наведе дека НАТО своето присуство до намалил „ на под 12.000 војници, а повеќе од половина од нив не се од војската на САД“.

Американците најчесто сочинуваат половина од војниците кои учествуваат во мисијата, а во август ги имаше околу 8.000. НАТО сојузниците и нивните партнери зависат од воздушните сили на САД, транспортот, логистиката и медицинската помош за функционирање.

Малку е веројатно дека мисијата би можела да функционира ако остане без значајна американска помош, наведува АП.

Трамп твитна на 7 октомври дека „до Божиќ треба да имаме мал преостанат број наши храбри мажи и жени кои ќе служат во Авганистан“, што ги изненади оружените сили на САД и нивните сојузници.

Трамп минатата недела го отпушти министерот за одбрана Марк Еспер и постави тројца „цврсти лојалисти“ на врховните места, а Милер, кој до неодамна беше директор на Националниот центар за борба против тероризмот, за вршител на должноста министер за одбрана.

Според АП, Еспер соработувал со воените лидери за да го одврати Трамп од целосно повлекување на трупите од Авганистан и Сирија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе