По барање на Ердоган

НАТО одржа вонреден состанок за Сирија, „во знак на солидарност со Турција“

Северноатлантскиот совет штотуку се состана, по барањето на Турција да одржи консултации според членот 4 од основачкиот договор на НАТО за ситуацијата во Сирија, сооопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Според членот 4 од Договорот, секоја членка на Алијанса може да побара консултации секогаш кога ѝ се во ризик територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста.

Сојузниците искажаа длабоко сочувство за смртта на турските војници во синоќешното бомбардирање во близина на Идлиб и ги осудија континуираните неселективни воздушни напади на сирискиот режим и неговиот поддржувач Русија во провинцијата Идлиб.

НАТО ги повика Сирија и Русија да престанат со офанзивата, да го почитуваат меѓународното право и да ги поддржат напорите на ООН за мирно решение.

„Оваа опасна ситуација мора да биде смирена за да се избегне понатамошно влошување на ужасната хуманитарна состојба во регионот и да се овозможи итен хуманитарен пристап за оние што се заробени во Идлиб. Бараме итно враќање на прекинот на огнот од 2018 година“, вели Столтенберг во соопштението, во кое се истакнува дека „денешната средба е знак на солидарност со Турција“.

НАТО продолжува да ја поддржува Турција со низа мерки, вклучително и со зајакнување на нејзината воздушна одбрана, која ѝ помага на Турција против заканата од ракетни напади од Сирија.

НАТО-сојузниците ќе продолжат многу внимателно да ги следат развојот на југоисточната граница на НАТО, се вели во соопштението.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе