НАТО не се откажува од планираната воена вежба со нуклеарно оружје

НАТО следната недела ќе ја одржи планираната годишна воена вежба со нуклеарно оружје, и покрај растечките тензии поради војната во Украина и инсистирањето на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ги употреби сите расположливи средства за одбрана на руската територија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

EPA-EFE

Вежбата наречена „Непоколебливо пладне“ се одржува секоја година и обично трае околу една недела. Таа предвидува ангажирање борбени авиони кои можат да носат нуклеарни боеви глави, но не и употреба на вистински бомби. Во вежбата учествуваат и други воздухопловни сили. Четиринаесет од 30 држави членки на НАТО ќе бидат вклучени во вежбата, планирана пред инвазијата на Русија на Украина во февруари.

Главниот дел од маневрите ќе биде на повеќе од 1.000 километри од Русија, кажа еден функционер на НАТО.

„Би се испратил многу погрешен сигнал ако поради војната во Украина сега одеднаш откажеме рутинска, долго планирана вежба. Тоа би бил апсолутно погрешен сигнал“, им кажа Столтенберг на новинарите.

Тој додаде дека цврстото, предвидливо однесување и воената сила на НАТО се најдобриот начин да се спречи ескалација.

„Ако сега создадеме основа за какви било недоразбирања, погрешни проценки во Москва за нашата спремност да ги заштитиме и одбраниме сите сојузници, би го зголемиле ризикот од ескалација“, кажа тој.

Рускиот претседател Путин повеќе пати сигнализираше дека би можел да употреби нуклеарно оружје за да ги заштити анектираните украински територии и да ги одврати државите членки на западниот воен пакт од испраќање развиено оружје на Киев. Нуклеарното оружје кое е номинално арсеналот на НАТО е под цврста контрола на три земји-членки: САД, Британија и Франција. Таинствената „Група за нуклеарно планирање“ на алијансата ќе се сретне денес за време на состанокот на министрите за одбрана.

Столтенберг ги опиша сè поострите закани на Путин со нуклеарно оружје како „опасни и непромислени“ и истакна дека сојузниците „јасно ѝ пренеле на Русија дека ќе има тешки последици ако на кој било начин употреби нуклеарно оружје“.

„Внимателно ги надгледуваме руските нуклеарни сили“, кажа Столтенберг и додаде дека „нема никакви промени во ставот на Русија, но остануваме подготвени“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе