НАТО може да испрати трупи во Бугарија и Романија

Врховниот командант на НАТО во Европа генералот Тод Волтерс предложил НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија, објави германскиот весник Шпигл.

EPA-EFE

Како што наведува германскиот весник, Волтерс тоа го предложил затоа што Русија, како што тврди Западот, трупа војници во близина на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

Шпигл не го цитира директно Волтерс, туку наведува дека има информации дека генералот „повикал на јакнење на трупите на источната граница“ на НАТО по конференцијата преку видео линк со воените команданти на сојузничките држави.

Германскиот весник пишува дека предлозите на Волтерс значат да се прошири источното присуство на НАТО, во рамки на кое Алијансата распореди воени сили во балтичките земји и Полска.

НАТО одби да ги коментира тврдењата на Шпигл.

Бугарија и Романија веќе повикаа на проширување на военото присуство на Алијансата во тие земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе