НАТО: Мора да се подготвиме за најлошото поради можна инвазија на Украина

Во Рига денеска завршува дводневната конференција на министрите за надворешни работи на НАТО. Главна тема на самитот е односот на алијансата кон она што на Запад се гледа како растечка руска закана.

Фото: ЕПА

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека Алијансата мора да се подготви за најлошото бидејќи расте загриженоста дека Русија може да подготвува инвазија на Украина, пренесе АП.

Украина наведува дека Москва задржала околу 90.000 војници во таа област по масовните воени вежби во западна Русија на почетокот на оваа година и дека лесно може да ги мобилизира.

Киев денеска побара од НАТО да подготви економски санкции против Москва, со цел да спречи можна инвазија, бидејќи Русија концентрираше десетици илјади војници на границата со Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека на вториот ден од самитот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Рига ќе побара дискусија за одговорот на натрупувањето руски воени единици.

Кулеба оцени дека НАТО треба да ја зајакне воената и одбранбената соработка со Киев, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва сака сериозни разговори со Вашингтон за правните гаранции кои би исклучиле „било какви нови движења на НАТО на исток и распоредување вооружени системи во близина на руската територија“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе