НАТО ќе го зголеми присуството на Балтикот ако Шведска поднесе барање за членство

НАТО ќе го зголеми своето присуство околу шведските граници и на Балтичкото Море ако Шведска поднесе барање за членство, кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за шведската телевизија СВТ.

EPA-EFE

Руската инвазија на Украина ги притисна Шведска и соседна Финска да ја преиспитаат својата безбедносна политика, а нивното членство во западниот воен пакт се чини сè поизгледно.

Двете земји бараат да им се гарантира воена заштита за време на процесот на придружување, а би можела да помине една година додека тоа го одобрат сите членки на НАТО.

„Уверен сум дека ќе најдеме решенија за безбедносните потреби кои Шведска ќе ги има во преодниот период“, кажа Столтенберг за СВТ.

„Од потенцијалниот момент на пријавување на Шведска, а НАТО вели дека сака Шведска да се придружи, постои многу силна обврска на НАТО да ја гарантира безбедноста на Шведска“, кажа Столтенберг, додавајќи дека тоа ќе вклучува зголемено воено присуство околу Шведска и на Балтикот.

Москва ги предупреди Шведска и Финска на „сериозни последици“ и се закани дека може да распореди нуклеарно оружје и хиперсонични проектили во европската енклава Калининград ако Шведска и Финска станат членки на НАТО.

Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде кажа вчера дека Соединетите Американски Држави ѝ дале на Шведска „безбедносни гаранции“ за процесот на придружување, но не и „конкретни безбедносни гаранции“.

Се очекува Шведска и Финска месецов да одлучат дали ќе поднесат барање за членство во НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе