Без дозвола од Багдад

НАТО ќе го зајакнува присуството во Ирак

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО синоќа се согласија дека ќе ја прошируваат мисијата во Ирак, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Со тој потег воениот пакт одговара на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за поголемо дејствување на Блискиот Исток.

НАТО со тек на време ќе ги преземе активностите на обуката која ја спроведуваа САД во борбата против Исламска држава, кажа Столтенберг, што значи дека таа одлука не бара распоредување дополнителни војници на западните држави во Ирак, и за што, според него, не треба дозвола од Багдад.

„Министрите на сојузниците во принцип се согласија околу проширувањето на присуството на НАТО“, кажа Столтенберг. „Во првата фаза тоа ќе се состои од преземање на дел од активностите на глобалната коалиција“.

НАТО и коалицијата имаат „неборбени мисии“ чија цел е развој на капацитетите на ирачките безбедносни сили, но двете иницијативи се суспендирани поради стравувањата за регионалната стабилност откако САД со дрон на 3 јануари го убија најмоќниот ирански воен командант.

Трамп по убиството на генералот Касем Сулејмани побара од НАТО да прави повеќе на Блискиот Исток, не специфицирајќи што точно мисли.

Дипломати на НАТО за Ројтерс изјавија дека западната коалиција ќе помине под знамето на НАТО кон средината на 2020 година.

Министрите за одбрана ќе расправаат за дополнителните опции за Алијансата на Блискиот Исток за да го задоволат Трамп, кој смета дека некои од членките не издвојуваат доволно пари за одбраната.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе