„Одговорот на нови освојувачки походи на Русија би бил силен“

НАТО ќе ги засили испораките на оружје на Украина

Членките на НАТО тесно соработуваат со воените компании за да обезбедат Украина да добие повеќе залихи на оружје и опрема и да биде спремна за долготрајна војна со Русија, кажа вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

EPA-EFE

„Пружаме многу поддршка, но мораме да направиме уште повеќе и да бидеме спремни на долги патеки“, кажа Столтенберг во интервју за Ројтерс.

„Поради тоа сега сме во контакт и тесно соработуваме со воената индустрија за да произведеме повеќе и да испорачаме повеќе различни видови муниција, оружје и капацитети“, кажа шефот на воениот пакт.

САД и други западни земји во последните месеци почнаа да ѝ испорачуваат на Украина понапредни системи на конвенционално вооружување, вклучувајќи артилериски ракетни системи со висока мобилност (ХИМАРС) кои овозможуваат поголем дострел и поголема прецизност.

Членките на НАТО не се директно вклучени во војната, но западниот воен пакт активно учествува во координирањето на одговорот на Западот на руската инвазија на Украина.

Столтенберг го повтори својот став дека војната веројатно ќе заврши дури по преговори.

„Знаеме дека повеќето војни завршуваат на преговарачката маса. Исто така знаеме дека исходот на тие преговори целосно ќе зависи од силите на бојното поле“, кажа тој за Ројтерс.

„НАТО треба да помогне Украинците да ја зајакнат таа позиција, и така да ја зголемиме веројатноста за прифатливо решение“, заклучи генералниот секретар на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе