НАТО ја предупредува Турција да не го користи рускиот систем С-400

НАТО изрази загриженост во врска со извештаите дека нејзината членка Турција за прв пат го користела рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400 за време на вежба.

Фото: ЕПА

„Овој систем може да претставува ризик за сојузничките авиони и може да влијае на односите меѓу членките на НАТО“, рече денес портпаролката на Алијансата во изјава за ДПА.

„Ова е одлука на Турција, но С-400 не може да се интегрира во системот за воздушна и ракетна одбрана на НАТО. Важно е Турција да продолжи да работи со другите сојузници за изнаоѓање алтернативни решенија.“

Турските медиуми претходно објавија дека владата во Анкара во петокот тестирала ракети земја-воздух недалеку од црноморскиот град Синоп.

„Ако се потврди турското тестирање на системот С-400, тоа ќе биде за жалење“, рече портпаролката на НАТО.

Слични коментари на оваа тема веќе изјавија во Вашингтон. САД веќе го исклучи својот партнер Турција од програмата на борбени авиони Ф-35 поради купување на рускиот ракетен систем и се закануваа со санкции.

Од друга страна, Турција тврди дека ѝ е потребен сопствен систем за противвоздушна одбрана поради заканите од соседна Сирија, но и од самата Турција.

Анкара вели дека не добила разумна алтернативна понуда од партнерите во НАТО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе