НАТО ја повика Кина да се приклучи во договорот за атомско оружје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера ја повика Кина да се приклучи во меѓународните напори за ограничување на ширењето на нуклеарното оружје, поради загриженоста дека Кина брзо развива ракети способни да носат атомски боеви глави.

Фото: ЕПА

На годишната конференција на НАТО за контрола на вооружувањето, Столтенберг рече дека повеќе земји, не само Русија, мора да бидат вклучени во идните разговори за контрола на ракетите, пишува АП.

„Како глобална сила, Кина има глобални одговорности во контролата на оружјето. Пекинг исто така ќе има корист од меѓусебните бројни ограничувања, зголемената транспарентност и поголемата предвидливост“, рече Столтенберг, додавајќи дека тие се „темелите на меѓународната стабилност“.

„Кина гради голем број ракетни силоси, што може значително да ги зголеми нејзините нуклеарни способности. Сето ова се случува без никакви ограничувања и со целосен недостиг од транспарентност“, рече Столтенберг.

САД во 2019 година се повлекоа од договорот за нуклеарни проектили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година, обвинувајќи ја Русија за кршење на билатералниот пакт.

Русија негира дека ги прекршила правилата на договорот.

Кога тој договор се распадна, Кина продолжи да произведува нуклеарно оружје и досега не покажа знаци дека е склона да се приклучи во преговорите за неширење на нуклеарното оружје.

Столтенберг го поздрави договорот меѓу САД и Русија за продолжување за уште пет години на новиот договор СТАРТ, кој го ограничува нивното стратешко нуклеарно оружје и додаде дека треба да се додадат повеќе видови оружје во договорот, вклучително и нови технологии како што е вештачката интелигенција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе