НАТО и Естонија ѝ испратија пиштоли на Украина

НАТО и Естонија денес ѝ испратија 2.400 пиштоли „макаров“ на украинската војска за борбата против проруските бунтовници во источна Украина, соопшти естонското министерство за одбрана.

EPA-EFE

„Руската агресија, која продолжува, на Крим и во источна Украина е неприфатлива и има поширок ефект врз безбедноста на Европа како целина“, порача во соопштение естонскиот министер за одбрана Јури Луик.

Околу 13 илјади луѓе се убиени во војната на силите на Киев со бунтовниците на прорускиот исток на земјата од избивањето на бунтот пред шест години, како одговор на уривањето на прорускиот претседател на Украина Виктор Јанукович.

Украина и дел од меѓународната заедница, вклучувајќи ја Естонија, ја обвинија Русија за директно мешање во конфликтот, што Русија го негира.

„Со пратката го поддржуваме нашиот сојузник кој е во војна шест години“, кажа Луик. „Украинскиот суверенитет и територијален интегритет мора да бидат вратени“, се наведува во соопштението.

Полуавтоматскиот пиштол од советско производство „макаров“ е стандардниот пиштол на војските и полициите низ земјите од поранешниот Советски Сојуз.

„Пиштолот 'макаров' е компактен, сигурен и едноставен за користење и дефинитивно ќе биде важна дополнителна компонента на вооружувањето на Украина“, порача Ристо Партел, шефот на логистика на естонската војска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе