„Турција попушти“

НАТО го договори планот за одбрана на Полска и балтичките држави

НАТО го имплементира планот за одбрана на Полска и балтичките држави откако Турција ги повлече своите приговори, соопштија полски, литвански и француски функционери за Ројтерс.

EPA-EFE

Турското министерство за одбрана одби денес да ги коментира тврдењата. Планот за Полска, Литванија и Естонија, чии детали се воена тајна, изработен на барање на спомнатите држави откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.

Планот беше одобрен во декември на самитот на НАТО во Лондон.

Меѓутоа, Турција се противеше на планот сѐ додека НАТО не ја означи курдската милија ИПГ, која контролира дел од северот на Сирија, како терористичка организација.

„Турците ги повлекоа своите приговори“, изјави функционер на француското министерство за одбрана.

Иако е нејасно дали Турција добила концесии за попуштањето, дипломат на НАТО кажа дека Анкара попуштила под притисокот на преостанатите 29 членки на крајот на јуни.

Планот за одбрана на Полска и балтичките земји, познат како Одбранбен орел, не влијае директно на турската стратегија во Сирија.

„Имплементацијата на политичката одлука која е договорена во Лондон е успех за цело НАТО“, изјави литвански извор од воениот пакт.

Шефот на полската канцеларија за национална безбедност Павел Совох исто така потврди дека е постигнат договор.

Турција ја почна офанзивата во северна Сирија против ИПГ откако САД повлекоа голем број свои војници во октомври.

Другите членки на НАТО порачаа дека турската офанзива ја поткопува борбата против милитантите на Исламска држава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе