Прес-службата на Стејт департментот наведе дека НАТО е подготвено за важен разговор со Москва, но нагласи и дека е обединето во целта да се спречи „понатамошна агресија врз Украина“, пренесе ТАСС.
„Секретарот Блинкен денеска разговараше со Столтенберг за претстојниот состанок меѓу НАТО и Русија. Алијансата е подготвена за разговори со Русија и е обединета против натамошната агресија врз Украина“, се наведува во соопштението.
Руско-американските преговори за безбедносните гаранции ќе се одржат во Женева на 10 јануари, а разговорите меѓу Русија и НАТО се планирани за 12 јануари.
Претставниците на Руската Федерација на 13 јануари ќе разговараат со претставници на ОБСЕ.