Насуканиот брод кај Маурициус испуштил 1.000 тони нафта, сега може да се прекрши (ВИДЕО)

На бродот кој на 25 јули се насука на корален гребен во Индискиот Океан кај Маурициус се појавиле пукнатини и изгледа дека ќе се прекрши, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Дека на бродот се појавиле пукнатини и дека може да се прекрши јави премиерот на Маурициус, Кумар Џугнаут.

Јапонскиот брод Вакашио кој се насука на коралниот гребен е долг 299,5 и широк 50 метри и има 20 члена на екипажот.

Плови под знамето на Панама, а сопственик е компанијата Окијо марин, подружнуца на Нагашики шипинг. Се верува дека бродот превезувал околу 4.000 тони гориво. Се стравува дека досега истекле најмалку 1.000 тони нафта.

Од него се излева нафта која предизвикува еколошка катастрофа бидејќи ги загрозува коралите, рибите и останатиот морски живот во Индискиот Океан, а активисти на Гринпис јавуваат дека тоа ќе биде најверојатно најлошата еколошка катастрофа во историјата на Маурициус.

Поради силните ветришта кои почнале да дуваат во областа каде што е насукан бродот, прекината е операцијата за чистење на нафтата.

Се очекуваат високи бранови, и до пет метри височина, што дополнително ќе го отежне отстранувањето на нафтата, а може да го зголемат ризикот да се прекрши бродот.

Пред лошото време да ја прекине операцијата на чистење, нафтата се вадеше од бродот и се пренесуваше со хеликоптери на брегот или во друг брод во сопственост на компанијата.

Помагаа и доброволци кои се обидуваа да направат струи со кои нафтата што се излева од насуканиот јапонски брод би се насочила што подалеку од островот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе