Насукан брод испушта тони гориво во кристално чиста лагуна во Индиски Океан (ВИДЕО)

Оштетен брод кај Маурициус почнал да испушта нафта во инаку бистрите води на овој дел од Индиски Океан, предизвикувајќи вонредна состојба поради загадувањето на животната средина.

Бродот кон крајот на јули се насукал близу брегот на Поинт д'Есни, на истокот на островската држава. Така се нашол близу резерватот Марин парк Блу беј и голем број популарни туристички плажи, пишува Си-ен-ен.

Поради оштетувањето на бродот, од него наскоро почнале да излегуваат отпадни води, загадувајќи ја околината, а фотографиите што се споделуваат на социјалните медиуми покажуваат дека околу него се извива густо масло, покривајќи голем дел од околната вода.

Премиерот Правинд Југнаут во петокот прогласи вонредна состојба.

Маурициус се наоѓа веднаш до францускиот остров Реунион, па Југнаут побара помош од францускиот претседател Емануел Макрон, велејќи дека неговата земја „нема искуство и експертиза за поправка на насукани бродови“.

Хепи Камбуле од организацијата Гринпис Африка предупреди дека оштетениот брод испушта „тони дизел и нафта во океанот“, заканувајќи му се на локалниот екосистем.

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе