Наскоро онлајн-средба меѓу Путин и Бајден, се чека потврда за датумот

Кремљ објави дека Русија и САД имаат приближен датум и време за видеосамит на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден во наредните денови, но Москва чека Вашингтон да го финализира тоа.

Фото: ЕПА

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Путин планира да му достави на Бајден предлог за безбедносни гаранции со кој ќе запре ширењето на НАТО на исток и ќе му се стави крај на она што Москва го нарекува закана со распоредување оружје кај соседите на Русија, вклучително и Украина.

„Со оглед на тензичната ситуација, итно е потребно да ни се дадат соодветни гаранции. Вака едноставно не може“, изјави Ушаков за новинарите на брифингот.

Соединетите Држави, нивните сојузници во НАТО и Украина ја обвинуваат Москва дека трупа војници во близина на украинската граница, а Киев вели дека стравува од руски напад.

Москва ги отфрла обвинувањата дека планира инвазија на Украина и го обвинува Киев дека ги зајакнува сопствените сили за напад врз територијата што ја држат проруските сепаратисти.

Русија со недели повикува на разговори на високо ниво со САД, барајќи правно обврзувачки безбедносни гаранции од Западот.

Русија не е агресивна долж границата со Украина, рече Ушаков.

„Тоа е глупост, нема ескалација. Ние имаме право да распоредуваме војници на сопствената територија, нема апсолутно никаква ескалација (од наша страна)“, рече тој.

Ушаков рече дека разговорите меѓу Бајден и Путин нема да се одржат пред патувањето на Путин во Индија следната недела.

„Имаме конкретен датум и време за оваа видеоконференција. Мислам дека е подобро да се причекаат Американците за конечен договор. Но оваа средба во формат на видеоконференција се подготвува доста активно“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе