Насилство на улиците на Љубљана: полицијата со водени топови, демонстрантите со камења (ФОТО+ВИДЕО)

Неколкуте десетици демонстранти се разидоа по протестот во Љубљана поради мерките на владата за сузбивање на коронавирусот, јавуваат словенечките медиуми.

Twitter

Демонстрантите веруваат дека пандемијата на коронавирусот е дел од „светски заговор“, а себеси се нарекуваат „воини на светлината“, кои сакаат да ги обелоденат лагите.

Полицијата се обиде да ги разбрка со водени топови, поради што демонстрантите возвратија со камења и пиротехнички средства, пишува порталот 24ур.

Демонстрантите, кои се противат на забраната на движење меѓу општините и собирање на повеќе од шест лица, протестираа на повеќе локации.

Центарот на Љубљана го надлетуваа и хеликоптери.

За утре е закажан поголем протест.

Легенда под Главна слика

Twitter

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе