Насилникот од снимката што ја шокираше Франција доби половина година затвор

Во Франција на шест месеци затвор е осуден 25-годишникот кој во јули годинава на илиците на Париз нападна студентка. Нападот се случи крај тераса на едно париско кафуле, чија безбедносна камера сними сѐ. Снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи и во медиумите, јавува Би-би-си.

Мари Лагер, 22-годишната студентка, мажот ја нападнал откако таа му одговорила на неговите навредливи и сексуално агресивни коментари. Нејзината реакција го разгневила па се обидел да ја удри со пепелник од терасата на кафулето покрај кое минувала. Потоа тој тргнал кон неа и ѝ удрил силна шлаканица, како што се гледа на снимката, викајќи на неа.

Напаѓачот, идентификуван како Фираз М., набрзо беше приведен и уапсен од полицијата. За време на судењето Фираз го призна нападот, но негираше дека се однесувал сексистички и дека ја навреедувал Лагер.

Париски суд го осуди вчера насилникот на шест месеци затвор, доби забрана за приоѓање до Мари Лагер и мора да плати 2.000 евра парична казна.. Ќе треба и да посетува терапија и курс за насилство врз жените.

Фираз М. е прогласен за виновен за „насилство со закана од употреба или со употреба на оружје“, но немало доволно докази за да се обвини и за сексуално малтретирање.

„Човекот што ме нападна никогаш нема да сфати колку неговите постапки беа страшни и сексистички. Не успеавме да го едуцираме и информираме за тоа дека повеќе не може да ги третира жените како „парчиња месо““, изјави Мари Лагер за Либерасион.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе