Насилниците на Ердоган повторно тепаа демонстранти во САД (ВИДЕО)

Нова посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД, нова насилен инцидент. Овој пат локацијата беше Њујорк, а времето 72-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Насилството овојпат се случи за време на говорот на Ердоган вчера попладне во хотелот Мериот марки во Њујорк, два дена по неговото обраќање на Генералното собрание на ОН. Настапите на Ердоган во странство често се проследени со протести против сѐ потешките кршења на човековите права под неговата власт, а ни овој настан не беше исклучок.

Среде говорот на Ердоган кој го држеше на турски јазик, момче во публиката стана и го прекина говорот со извици „Ти си терорист! Губи се од мојата земја!“, по што дојде до општа турканица во салата.

Бројните поддржувачи на Ердоган почнаа да го скандираат неговото име за да ги заглушат извиците на демонстрантите. Обезбедувањето потоа почна насилно да ги исфрла демонстрантите, дел од кои се најдоа на земја. Додека ги влечеа од салата, поддржувачите на Ердоган поприлично ги удираа. Не се знае дали за обезбедувањето била задолжена американската Тајна служба (која ги штити државниците), личните телохранители на Ердоган или хотелското обезбедување.

Еден од претепаните и исфрлени демонстранти носеше маица со ликот на Мајкл Израел, американски доброволец во курдската паравојска Народни одбранбени единици (ИПГ), која во Сирија главно се бори против Исламска држава, со мали пресметки со бунтовниците под патронат на Турција и со неутрален однос кон сирискиот режим. Израел беше убиен во турски воздушен напад во Сирија.

Меган Бодет, една од шесте демонстранти, која на протестот го развиори знамето на женското крило на ИПГ, за Њујорк тајмс изјави дека нивната цел била „да го привлечат вниманието на злосторствата на турската држава и кршењето на човековите права на курдскиот народ во Турција и Сирија“.

„Ердоган тука не би смеел да зборува непречено, а ние го предизвикавме бидејќи американскиот народ мора да знае дека државата која е наша сојузничка ја попречува борбата против ИСИС во Сирија и ги уништува човечките животи“, истакна Бодет.

При последната посета на Ердоган на САД неговите телохранители насилнички и дивјачки се пресметаа со демонстранти во Вашингтон, додека турскиот претседател сето тоа мирно го гледаше од службениот автомобил.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе