Насилни протести во Албанија, демонстрантите ги пробија полициските барикади (ФОТО+ВИДЕО)

Албанската полиција денес фрли солзавец врз демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на парламентот во главниот град Тирана.

Голем број демонстранти претходнос е собраа на нов протест кој против премиерот Еди Рама го организираше албанската опозиција, барајќи негова оставка и остварување услови за чесни избори.

Протестите излегоа од контрола и станаа насилна откако група демонстранти ја прескокнаа металната барикада пред зградата на парламентот. Истовремено почнаа да фрлаат камења врз полицискиот кордон пред зградата на парламентот.

Слично сценарио се случи пред еден месец кога демонстрантите оштетија неколку владини згради, а полицијата одговори со водени топови и солзавец.

Опозицијата ја предводи лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, кој Рама го обвинува за корупција, кршење на изборните закони и поврзаност со организираниот криминал.

Сите опозициски пратеници минатиот месец во знак на протест поднесоа оставки, но социјалистите на Рама имаат комотно мнозинство и продолжуваат да владејат.

ЕУ ги повика двете страни да „преовладаат актуелните политички несогласувања и да воспостават национална платформа за дијалог“.

На Албанија, која има локални избори во јуни, „ѝ треба меѓупартиски дијалог за најважните реформи, вклучувајќи и реформа на правната изборна рамка“, истакна ЕУ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе