НАСА објави снимки од јаглероден моноксид во атмосферата по пожарите во Амазонија

Додека Амазонија гори, а бројот на пожари според бразилскиот Национален институт за истражување на вселената се проценува на повеќе од 78.000, или за 80 проценти повеќе од минатата година, НАСА објави загрижувачки податоци, пренесе Сајанс алерт.

Имено, сателитите на американската агенција за истражување на вселената НАСА забележила загрижувачки снимки од емисија на јаглероден моноксид во атмосферата предизвикани од пожарите во Амазонија.

Од 8 до 22 август, НАСА измерила концентрација на јаглероден моноксид на висина од 5500 метри и објавила анимација на податоците собрани со помош на инструментот АИРС, кој мери температура, влага, количина и висина на облаци, концентрација на стакленички гасови и многу други појави во атмосферата.

Анимацијата објавена од НАСА покажува дека јаглеродниот моноксид се издигал во атмосферата, а различните бои - зелена, жолта и темноцрвена - покажуваат концентрација на овој загадувач на воздухот во делови на милијарда. Концентрацијата на јаглерод моноксид главно се изразува во делови на милион.

Со зелена боја е означена концентрација од околу 100 делови на милијарда, со жолта концентрација од околу 120 делови на милијарда и темно црвена концентрација од околу 160 делови на милијарда.

Инаку, јаглеродниот моноксид, кој може далеку да се шири и да остане во атмосферата околу еден месец, игра значајна улога во климатските промени.

И иако АИРС бележи јаглероден моноксид на релативно високи нивоа и има мал ефект на воздухот што моментално го дишеме, НАСА предупредува дека силните ветрови можат да го повлечат на пониско ниво каде може значително да влијае на квалитетот на воздухот.

Во светот се повеќе расте загриженоста поради горењето на Амазонија, а пожарите по сè изгледа ги предизвикале луѓето. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја охрабрувал сечата на шумите за развој на рударството и сточарството, а сега ги обвини невладините организации кои се залагаат за зачувување на Амазонија дека самите ги подметнале пожарите.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе