НАСА и Спејсекс во последен момент го откажаа историското лансирање (ВИДЕО)

Спејсекс, приватната компанија на милијардерот Илон Маск, требаше синоќа од Флорида да лансира двајца американски астронаути во вселената, што ќе беше првиот лет на НАСА од американско тло по девет години.

EPA-EFE

Спејсекс со тоа можеше да стане првата приватна компанија која лансирала луѓе во вселената.

Беше планирано ракетата Фалкон 9 да полета од Вселенскиот центар Кенеди во 22 часот и 33 минути по средноевропско време.

Тоа требаше да биде почетокот на 19-часовниот лет на астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен во новата капсула Кру драгон кон Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Лансирањето беше откажано 15 минути пред полетувањето поради лоши временски услови, а новиот обид ќе се случи на 30 мај.

НАСА лансирањето го пренесуваше во живо на својот канал на Јутјуб, а пред тоа емитуваше и програма поврзана со полетувањето.

Астронаутите требаше да полетаат од истата платформа од која во 2011 во вселената замина последниот шатл на НАСА со кој управуваше Харли.

Во Кејп Канаверал беа и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Успешната мисија би била остварување на главната цел на НАСА, или како што тоа го формулираше шефот на агенцијата Џим Бриндестајн, повторно испраќање во вселената „на американски астронаути во американска ракета од американско тло“.

Американските астронаути во последните девет години летаа во орбитата со руската ракета Сојуз.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе