НАСА го истражува првиот вселенски криминал, астронаутка влегла во сметката на поранешната сопруга

НАСА го истражува првиот вселенски криминал, јави Би-би-си.

Имено, американската астронаутка Ен Меклејн наводно од Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на нејзината поранешна партнерка Самер Ворден.

Ворден поднела тужба до надлежна институција, а Меклејн се вратила на Земјата.

Меклејн за Њујорк Тајмс преку адвокат изјави дека само проверувала дали е сè во ред со домашниот буџет, поточно, дали има доволно пари за сметки и за грижата за нивниот син, за кого заедно се грижеле додека биле заедно.

Имено, Меклејн признала дека ѝ пристапила во сметката, но дека немала никакви лоши намери.

Меклејн и Ворден, која е офицер во американските воздушни сили, стапиле во брак во 2014 година, а Ворден во 2018 година поднела барање за развод.

Меклејн дипломирала на престижната воена академија Вест Поинт и била воена пилотка во Ирак. Како астронаутка, таа поминала шест месеци на Меѓународната вселенска станица и требало да биде дел од откажаното прво вселенско патување на целосно женски тим.

Правната рамка, што е договорена од државите сопственици на Меѓународната вселенска станица, вели дека законот на одредена држава важи за поединците и имотот во вселената.

Така, ако канадски државјанин изврши кривично дело во вселената, тој е подложен на канадскиот закон. Европа во оваа рамка постои како една држава, но секоја од државите може да ги примени своите закони за европската опрема и персоналот во вселената.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе