НАСА: Чадот од пожарите во Австралија ќе го обиколи целиот свет

НАСА предупредува дека чадот од пожарите во Австралија ќе направи барем еден „полн круг" околу целиот свет и повторно ќе се врати во областа над Австралија.

Научниците од НАСА преку податоците од сателитите ги анализирале чадот и аеросолите кои доаѓаат од пожарите во Австралија. Тие забележале дека чадот од пожарите од крајот на декември ја пропатувал „половина од планетата“ и влијаел на квалитетот на воздухот во другите земји, пренесува Си-ен-ен.

„До 8 јануари 2020 година чадот ја помина половина од планетата. Дојде до Јужна Америка и над областа предизвика магловито небо и разнобојни зајдисонца и изгрејсонца“, кажаа од НАСА, додавајќи дека чадот предизвикува „сериозни проблеми со квалитетот на воздухот“ на Нов Зеланд.

„Поради екстремните временски услови, високите температури на воздухот и ниската влажност, дојде до невообичаено голем број инциденти предизвикани од пирокумулонимбусите, односно до бури предизвикани од подигањето на пепел и чад, предизвикани од пожарите“, соопштија од НАСА.

Пирокумулонимбусите, таканаречените огнени облаци, го креваат чадот 16 километри високо во стратосферата, од каде што тој може да патува илјадници километри подалеку од својот извор и да влијае на атмосферските услови низ целиот свет.

Николас Белуин, климатолог од универзитетот Ридинг, за Си-Ен-Ен изјави дека не е толку невообичаено честичките од пожар да патуваат низ светот, но дека концентрацијата на оние создадени во австралиските пожари се од таква природа што може да влијаат на квалитетот на воздухот на друго место во светот, вклучително и во Чиле и Аргентина.

Во Австралија со месеци хараат разорни пожари. Досега, најмалку 28 лица загинаа во нив, а само во Нов Јужен Велс се уништени или оштетени повеќе од 3.000 домови.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе