„СЕ РАЗБИРА“

Наредниот број на Шарли ебдо ќе содржи карикатури на Мухамед

„Се разбира“ дека ќе има карикатури на Мухамед во следното издание на Шарли ебдо, соопшти адвокатот на списанието.

„Ние нема да се откажеме, инаку сето ова би немало никаква смисла“, рече адвокатот на Шарли ебдо, Ричард Малка, во интервју за радиото Франс инфо. „Во духот на Шарли е правото на богохулење“, додаде тој.

Еден од карикатуристите на Шарли ебдо, Луз, рекол дека оние што ја преживеале трагедијата се зафатени со работа на новото издание.

„Добри сме, се држиме“, рекол Луз. „Кошмарите бледнеат и ние сме преокупирани со правењето на списанието.“

Новото издание на Шарли ебдо се очекува да биде објавено в среда, а тиражот ќе биде 1 милион примероци, наместо вообичаените 60.000.

„Знакот ‘Je suis Charlie’ значи дека вие имате право да ја критикувате мојата религија, затоа што тоа не е важно“, рече Малка. „Никој нема право да го критикува Евреинот затоа што е Евреин, муслиманот зашто е муслиман, христијанинот зашто е христијанин. Но вие може да кажете што сакате, вклучувајќи ги и најлошите работи, а ние и ги кажуваме за христијанството, исламот и јудеизмот, бидејќи зад сите тие прекрасни слогани, тоа е реалноста на Шарли ебдо.“

Списанието повика на давање донации за да му се помогне да продолжи. „На Шарли ебдо му требате за да преживее“, се вели на нивната веб-страница.

А веќе се собрани значителни ресурси. Француската влада даде донација од 1 милион евра за списанието да продолжи да излегува, објави Фигаро. 250.000 евра обезбеди францускиот Фонд за дигитални иновации, а уште 250.000 евра донираа француските издавачи. Гардијан медиа груп вети донација од 128.000 евра.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе