Само неколку дена пред прославата на 70-годишнината од Народна Република Кина, американскиот носач на авиони „Роналд Реган“ стациониран во Јапонија вплови во спорното Јужно Кинеско Море.
Сателитските слики објавени на социјалните мрежи покажуваат дека тој бил опкружен од неколку неидентификувани воени брода, вели јапонски Тајмс, наведувајќи дека веројатно станува збор за кинески бродови.
Весникот пренесува дека портпаролката на американската Седма флота Риан Момсен не сакала да ја потврди локацијата на „Роналд Реган“, но рекла дека носачот на авиони спроведува „рутински операции“.
Кинеското Министерство за одбрана оцени дека САД испратиле носач на авиони во Јужно Кинеско Море за да „покажат сила и да ја засилат милитаризацијата во регионот“.
USS Ronald Reagan aircraft carrier and some unidentified warships were seen sailing in the area north-east of Spratly Islands in the South China Sea on September 28. pic.twitter.com/eQNOBku8eV
— Duan Dang (@duandang) September 28, 2019
Министерството ги повика САД да ја почитуваат загриженоста за безбедноста на земјите од регионот и да дадат позитивен придонес кон мирот и стабилноста.
Пекинг со децении води спорови со неколку земји во азиско-пацифичкиот регион околу територијалната припадност на многубројните острови во Јужно Кинеско Море, во кое се откриени значителни резерви на јагленоводород.
Соединетите Држави не се страна во спорот, но не ги признаваат претензиите на Кина и инсистираат на своја „слободна пловидба“ во регионот, вели јапонски Тајмс.