Инспириран од масакрот во Нов Зеланд

Напаѓачот од Ел Пасо пред крвавиот поход објавил манифест (ФОТО)

Напаѓачот осомничен за убиство на најмалку 20 луѓе во Ел Пасо во Тексас на интернет пред смртоносниот поход објавил манифест за кој полицијата на Тексас и локалните политички лидери тврдат дека е полн со омраза и расизам.

Медиумите го идентификуваа 21-годишниот Патрик Крузиус, од градот Алена во Тексас, како напаѓачот кој го изврши масовното убиство вчера во трговскиот центар Волмарт во градот Ел Пасо на границата со Мексико.

Иако властите не го потврдија официјално неговиот идентитет ниту ја опишаа детално содржината на неговиот манифест, документот објавен на интернет страницата 8чен неколку часа пред смртоносниот поход зборува за „инвазија“ на јужноамерикански емигранти и наведува дека авторот го поддржува напаѓачот кој пред неколку месеци уби 51 човек во џамија во градот Крајстчрч во Нов Зеланд.

Профилот на Твитер за кој се смета дека му припаѓал на Крузиус во саботата вечерта бил избришан.

Си-ен-ен јавува дека полицијата тврди дека поради манифестот неговата постапка може да се води како злосторство од омраза. Сепак, потребна е понатамошна истрага за да се оквалификува како таков.

„Во моментов ова е истрага на убиство. Има потенцијал за многу други злосторства и сите ги земаме предвид. Ги прегледуваме доказите за да утврдиме што сѐ е можно“, откри специјалниот агент на полицијата на Ел Пасо Емерсон Блу.

Во постовите на социјалните мрежи Крузиус го фалел американскиот претседател Доналд Трамп, особено неговото инсистирање да се изгради ѕид вдолж американската граница со Мексико.

Претседателот Трамп го осуди колежот во Ел Пасо како „кукавички чин“ и на Твитер напиша: „Не постојат причини ни изговори кои некогаш можат да оправдаат убивање невини луѓе’.

Објавувајќи го бројот на жртвите на прес-конференција, тексашкиот гувернер Грег Ебот кажа дека ова е „еден од најсмртоносните денови во историјата на Тексас“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе