Со недели планирал масовно убиство

Напаѓачот на парадата во Чикаго легално купил арсенал оружје

Мажот обвинет за нападот на парадата на Денот на независноста во предградието на Чикаго легално го купил оружјето, испукал повеќе од 70 куршуми од покривот на зграда и се облекол во женска облека за да помине незабележано во толпата, соопштија локалните власти.

Фото: ЕПА

Осомничениот, 21-годишниот Роберт Е. Кримо, беше приведен во понеделникот откако ѝ се предаде на полицијата, неколку часа по нападот на парадата во Хајленд Парк, Илиноис, каде што беа убиени шест лица, а повеќе од 30 беа ранети.

Официјалните лица на прес-конференцијата рекоа дека тој го планирал нападот неколку недели, а властите сè уште го разгледуваат видот на обвинението.

Кримо има впечатливи тетоважи на лицето, а вчера носел женска облека за да си го скрие идентитетот, соопшти полицијата. По нападот, тој успеал да се скрие меѓу испаничените граѓани, а подоцна побегнал во куќата на мајка си, каде што зел автомобил.

Официјални лица рекоа дека не знаат кој бил мотивот за нападот во населбата со претежно еврејско население, но истакнаа дека немаат докази дека тој бил антисемитски или расистички по природа.

Осомничениот употребил моќно оружје, пушка слична на АР-15, која ја оставил на местото на нападот. Тој исто така имал слична пушка во автомобилот на мајка си, како и неколку парчиња муниција во својот дом, а сето тоа легално го купил во Илиноис.

Началничката на управата во Хајленд Парк, Ненси Ротеринг, изјави дека заедницата е во шок по вчерашниот напад.

„Оваа трагедија не смееше да ни се случи“, изјави таа за Ен-би-си. „Како мала заедница, сите знаеме некого што е директно погоден и секако сите тагуваме“.

Ротеринг рече дека го познавала напаѓачот кога тој бил извидник. „Што се случи? Како може некој да стане толку лут, полн со омраза“, рече таа.

„Нашата нација мора да разговара за овие настани што се случуваат неделно и во кои десетици луѓе се убиени со легално купено оружје.“

Нападот се случи во време кога во САД се води жестока дебата за контролата на оружјето и за тоа дали построгите мерки можат да ги спречат честите масовни убиства.

Американскиот Врховен суд минатиот месец рече дека е уставно право да се носи оружје на јавно место, во пресудата што ги олесни промените на помодерните, построги прописи за носење оружје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе