Напаѓачот кој уби пет лица во САД е поранешна ѕвезда на НФЛ

Напаѓачот кој уби познат лекар и четири други лица е поранешен играч на НФЛ, Филип Адамс. По нападот, кратко по полноќ по локално време, тој извршил самоубиство.

Screenshot

Адамс бил пронајден од полицијата неколку часа по масакрот во куќа во Рок Хил, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер.

Тој играл одбрана за голем број тимови во неговата шестгодишна кариера, вклучувајќи ги Ингланд Патриотс, Сан Франциско 49 и Њујорк Џетс.

„Го најдовме лицето за кое веруваме дека е одговорно за овој напад. Тоа е сè што можам засега да кажам за осомничениот“, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот Трент Фарис.

На новинарско прашање дали осомничениот е сосед на убиеното семејство Фарис рече: „Живее на истата улица“. Од канцеларијата на шерифот потврдија дека осомничениот за нападот бил фатен „во куќа во близина“.

Анонимен извор за ЕСПН потврди дека Адамс бил пациент на убиениот лекар. За време на неговата кариера, Адамс претрпел голем број повреди, вклучувајќи потрес на мозок и скршеница на зглоб.

Убиените деца биле на возраст од 5 и 9 години.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе