ПО НАПАДОТ ВО ГАЛЕРИЈА ВО АНКАРА

Напаѓачот е турски специјалец, за Русија убиството на амбасадорот е терористички акт (ФОТО+ВИДЕО)

Мевљут Мерт Алтинтас наводно е името на напаѓачот што го уби рускиот амбасадор во Анкара, а тој бил полицаец во единицата на специјалните сили, јавија некои турски медиуми.

Москва сега го смета убиството на рускиот амбасадор во Анкара за терористички напад, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Ова што се случи ние го квалификуваме како терористички напад. Во моментов сме во контакт со турските власти, кои нè уверуваат дека ќе биде спроведена темелна, сеопфатна истрага“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Амбасадорот не бил однесен во болница веднаш по нападот. Беше објавено дека прво добил лекарска помош на местото на нападот и потоа бил пренесен во болница.

Градоначалникот на Анкара Мелих Гокчек рече дека напаѓачот е идентификуван како турски полицаец, јави Франс прес.

„Денес е трагичен ден во историјата на Руската Федерација“, рече Захарова во соопштението. „Денес во Анкара, во текот на еден јавен настан, рускиот амбасадор Андреј Карлов беше застрелан, а набргу потоа тој умре.“

Русија ќе ја покрене темата на состанок на Советот за безбедност на ОН, рече Захариева, пренесе Раша тудеј.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека добива изјави на сочувство од странските колеги.

Андреј Генадиевич Карлов е роден во 1954 година, а во 2013 година е назначен за амбасадор на Русија во Турција.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе