Напаѓач упадна во училиште во Србија и почна да пука од автоматска пушка, го совлада професор (ВИДЕО)

Во средното економско училиште во Велика Плана е избегната трагедија која ја спречи професор на тоа училиште совладувајќи го вооружениот маж кој упаднал на час со автоматска пушка и експлозивни направи, јави РТС, а инцидентот го потврди и српската полиција.

Средовечен маж упадна со пушка и торба полна експлозивни направи во училница во економското училиште Вук Караџиќ во Велика Плана, но професорот, во обид да спречи пукање, се соочил со напаѓачот.

Во туркањето биле испукани два истрели, но никој не бил повреден, а напаѓачот бил совладан.

Полицијата го уапсила 46-годишниот Г.Т. од околината на Велика Плана поради сомнеж дека упаднал во училиштето и испукал два истрели во плафонот, соопшти српската полиција.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека напаѓачот го совладал еден од професорите.

Српските медиуми јавуваат дека напаѓачот е лице со ментални тешкотии и дека сакал да предизвика заложничка криза во училиштето за, наводно, да му се обрати српскиот претседател или министерот за внатрешни работи.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе