Нападот врз Украина е можен многу брзо, рече американскиот државен секретар

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Русија може во скоро време да почне нов напад во Украина. Денес Блинкен го посети Киев и на украинскиот претседател Володимир Зеленски му пренесе дека САД и нивните сојузници биле непоколебливи во поддршката на неговата земја и нејзините демократски аспирации во екот на зголемениот страв од потенцијалната руска инвазија.

Фото: ЕПА

Русија рече дека тензијата околу Украина се зголемува и дека сѐ уште го чека писмениот одговор на нивните барања за гаранциите за безбедност од Западот. Песимистичките изјави го нагласија јазот меѓу Вашингтон и Москва, додека Блинкен се подготвува за средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, в петок, која еден руски аналитичар за надворешна политика ја нарече „веројатно последната станица пред судирот на возовите“.

На дипломатите во американската амбасада во Киев Блинкен им рече дека Русија нема причина да ги трупа своите сили на украинската граница.

„Знаеме дека има планови за зголемување на бројот на воените сили за многу кратко време и дека тоа на претседателот Владимир Путин му овозможува понатамошно агресивно дејство против Украина во краток рок“.

Русија, исто така, испрати војници и во Белорусија, на, како што вели, заеднички воени вежби, што ѝ дава можност да ја нападне соседна Украина од север, исток и југ. Кремљ ги отфрла обвиненијата за напад врз Украина и предупредува дека тензиите растат поради испораката на оружјето на Украина, воените маневри и летови на авионите на НАТО, на што меѓународните партнери треба да обрнат внимание.

Владимир Фролов, поранешен руски дипломат и сегашен политички аналитичар, оцени дека Москва нема да ја задоволи понудата за преговори за контрола на вооружувањето, но ќе побара сеопфатно преуредување на европскиот безбедносен поредок.

„Средбата на Лавров и Блинкен веројатно е последната фаза пред судирот на возовите. Надежите се мали, позициите се неусогласиви“, оцени Фролов. Опишувајќи ги руските воени аранжмани во Белорусија како огромна ескалација, Фролов ја изнесе својата проценка на кризата.

„Мислам дека сега е неизбежна некој вид воена опција“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе