Полицијата потврди четири смртни случаи во Трир, Германија, откако автомобил упадна во пешачка област. Иако дејствата на возачот се чини дека биле намерни, јавниот обвинител вели дека нема знаци на верски мотив.
Возачот, за кој полицијата рече дека е 51-годишен жител на областа Трир-Сарбург, денеска со темносив ренџ ровер упадна во пешачката област во градот, а неговите жртви „летаа во воздух“, според очевидците. Тој беше уапсен веднаш, откако наводно бил опколен со полициски возила.
WATCH police arrest driver who plowed through pedestrians in central Trier, Germanyhttps://t.co/4j1SzvshUj pic.twitter.com/lRntqhbVV1
— RT (@RT_com) December 1, 2020
Властите потврдија дека една од жртвите е бебе, додека германските медиуми јавуваат дека уште околу 30 лица се повредени за време на инцидентот. Очевидци изјавија дека возилото удрило во бебешка количка кога упаднало во толпата луѓе.
Државниот премиер на Рајнска област-Пфалц, Малу Дрејер, изјави дека меѓу четворицата мртви има и едно бебе, додека градоначалникот на Трир Волфрам Леибе на новинарите им изјави дека последиците од инцидентот „по малку личат на војна“, едвај задржувајќи ги солзите за време на прес-конференцијата.
BREAKING: Car hits several people in pedestrian zone in Trier, Germany. Police asking people to avoid the area.#Trier #Germanyhttps://t.co/nOSAM9pyCc
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) December 1, 2020
Зборувајќи за новинарите подоцна јавниот обвинител рече дека осомничениот бил пијан за време на убиствата. Обвинителот додаде дека возачот не бил претходно осудуван и дека нема знаци дека неговиот напад е мотивиран од исламистички или други верски убедувања.
Според обвинителите, возачот имал историја на ментални проблеми и ќе биде подложен на процена за да се утврди дали ќе биде приведен или испратен на психијатриска клиника.
Во меѓувреме, локалните училишта се затворени според протоколите за терористички напади, а родителите се повикани да си ги земат децата и да ги однесат дома како мерка на претпазливост. Сепак, властите не го прогласија инцидентот за терористички чин.