Нападната воена парада во Иран, 8 загинати (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку 8 војници загинаа, а дваесетина се повредени во напад на неидентификувани напаѓачи за време на воената парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран, објави државната телевизија.

Државната телевизија објави дека е нападната трибината со официјални лица кои се собрале за да ја следат редовната годишна воена парада со која се одбележува почетокот на ирачко-иранската војна.

Иран денес оддржува неколку воени паради, вклучително и во главниот град Техеран и во пристанишниот град Бандар Абас.

„Огнот го отворија неколку вооружени мажи кои се наоѓале позади трибината за време на парадата. Неколку луѓе се убиени, а повеќе се повредени“, објави телевизијата. Локалните медиуми објавија дека пукањето продолжило откако напаѓачите се обиделе да избегаат.

Неименуван официјален претставник од Револуционерната гарда изјави дека за нападот се одговорни арапски националисти кои се поддржани од Саудиска Арабија, пренесе новинската агенција ИСНА.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе