Во Црвеното Море кај Јемен

Нападнат брод за кој се верува дека е база на иранската Револуционерна гарда, сомнежот е во Израел

Ирански товарен брод вкотвен со години во Црвеното Море кај Јемен, за кој се верува дека е база на специјалната единица Револуционерна гарда, е нападнат, јави иранската државна телевизија пренесувајќи извештаи на странски медиуми.

EPA-EFE

Извештајот на државната телевизија претставува првиот ирански коментар на вчерашниот напад врз бродот МВ Савиз кој, како што се сомнева, го извршил Израел, наведува Асошиејтед прес.

Нападот се случи на денот кога Иран и светските сили седнаа на маса во Виена на првите преговори за можноста за враќање на САД во нуклеарниот договор со Иран.

Долгото присуство на бродот во регионот повеќе пати го критикуваше Саудиска Арабија, додека Западот и експертите на Обединетите нации тврдат дека Иран им обезбедува оружје и поддршка на бунтовниците Хути во Јемен во долгогодишната војна во таа земја.

Иран демантира дека ги вооружува Хутите, иако дел од оружјето на бунтовниците се поврзува со Техеран.

За бродот Савиз Иран претходно тврдеше дека помага во операциите против пиратството во Црвеното Море и мореузот Ба бел Мандеб, клучно тесно грло во меѓународниот поморски сообраќај.

Иранската полуофицијална новинска агенција Тасним, за која се верува дека е блиска до Револуционерната гарда, го пријави нападот врз бродот вчера, наведувајќи дека бил активиран експлозив поставен на трупот на бродот.

Агенцијата не обвини никого за нападот, додавајќи дека иранските власти, веројатно, ќе соопштат повеќе информации во следните денови.

Американската воена Централна команда во соопштение наведе само дека знае за извештаите на медиумите за инцидентот со Савиз во Црвеното Море и дека потврдува дека нејзините сили не се вмешани во тој инцидент.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе