Прогласена е вонредна состојба

Нападите во Шри Ланка се одмазда за нападот во Нов Зеланд

Објавени се првичните резултати од истрагата за нападите на Шри Ланка во кои загинаа 310 луѓе.

Како што јавува Франс прес, прелиминарните резултати од истрагата покажуваат дека нападите на Шри Ланка се чин на одмазда за нападот во Крајстчрч на Нов Зеланд. Оваа информација ја објави министерот за одбрана на земјата.

Министерот откри и дека две домашни исламистички организации, вклучувајќи ја Нешнел товет џамат (НТЏ), се одговорни за нападите, пренесува Ројтерс.

28-годишниот терорист Брентон Тарант го изврши масакрот во Крајстчрч на Нов Зеланд на 15 март. Тој вооружен со автоматско оружје влезе во две џамии за време на петочната молитва и уби 50 луѓе.

Влезе во џамијата Ал нур околу 13:30 часот по локално време, која се одвиваат попладневните молитви на муслиманите, и почна да пука.

Испукал повеќе од 100 куршуми само во првата џамија. Со себе имал најмалку шест пушки. Тој потоа седум минути возел до следната џамија во предградието Линвуд, каде го продолжил масакрот.

Тарант 36 минути по првата дојава за нападот беше уапсен во возило во кое, според полицијата, имало експлозивни направи. Тој имаше и камера со која го снимаше нападот, кој во живо беше емитуван на неколку социјални мрежи. Тарант е обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство.

На католички Велигден во бомбашки напади на Шри Ланка беа убиени вкупно 310 луѓе. Во болниците има уште 500 повредени, па бројката би можела дополнително да расте.

Наутро по локално време шест силни експлозии го стресоа главниот град Коломбо и неговата најблиска околина.

Експлозиите се случија за време на велигденските миси во христијански цркви во Негомбо, Батикалоа и Коломбо и во луксузни хотели во главниот град.

Шесте експлозии се случија во приближно исто време, што сугерира дека нападот бил детално подготвен. Дополнително се слушнаа уште две експлозии. Дента загинаа 290 луѓе.

Засега се уапсени 35 лица. Зад нападите, како што соопштија властите, стои радикалното исламистичко движење Нешнел товет џамат со поддршка од меѓународна терористичка мрежа.

Денес на Шри Ланка е ден на жалост. На жртвите им беше искажана почит со триминутно молчење. Во земјата од синоќа е воведена вонредна состојба за властите да можат да ги одржат безбедноста и мирот за време на истрагата на бомбашките напади.

Големи безбедносни мерки се спроведуваат во Коломбо и Негомбо, 35 километри северно од главниот град, каде се одржува масовен погреб во близина на црквата во која беа убиени повеќе од 110 луѓе.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе