Осомничениот е уапсен

Напад врз конзулат на Франција во Саудиска Арабија, ранет е стражар

Еден Саудиец е уапсен во Џеда откако со „остар предмет“ нападнал и навредил стражар кај конзулатот на Франција, јави саудиската државна телевизија, а пренесува Ројтерс.

EPA-EFE

Француската амбасада по нападот врз конзулатот соопшти дека мета на „нападот со нож“ бил стражарот, кој бил префрлен во болница, како и дека животот не му е во опасност.

„Француската амбасада најостро го осудува нападот врз дипломатското претставништво кој со ништо не може да се оправда“, се наведува во соопштението.

Саудиска Арабија во вторникот ги осуди карикатурите со кои, како што сметаат, се навредува муслиманскиот пророк Мухамед, но не се придружи на повиците на другите муслимански земји на акција поради објавените карикатури во Франција, потсетува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе